Нашата фирма обезбедува решенија од областа на електронската трговија и outsourcing на
информатички проекти. Ние сме млад и динамичен тим со портфолио на високо успешни Е-commerce апликации
и база на клиенти во повеќе од 11 држави во светот. Ефикасноста на нашата работа
се огледа во стремежот да бидеме фокусирани кон растот и понудата на најдобри
решенија за нашите клиенти.
Доколку предизвик ви е да работите на иновативни m-banking и e-commerce апликации, Web
2.0 бизнис модели, динамични content management системи и да
комуницирате со интернационална група на професионалци, тогаш побрзајте да
станете дел од нашиот брзорастечки тим!
Нашата единствена работна атмосфера го поттикнува прогресот на професионално
и лично ниво кај вработените.